Груевски: Освен случајот со Заев, никогаш не се снимало ниту ќе се снима во мојата канцеларија

 

Премиерот Никола Груевски денес во своето обраќање до јавноста одговори на сите прашања поврзани со актуелните политички случувања во земјава.

По заканите кои до него ги упати опозицискиот лидер Заев, кој во меѓувреме почна да објавува прислушувани разговори, снимки од нивната средба излегоа пред очите на јавноста.

Груевски одговори на прашањето „Дали во неговата канцеларија постојано се снима“?

-Одговорот е НЕ. Никогаш не се снимало ниту ќе се снима, освен доколку, како во случајот обвинителството не издаде таква наредба, а по претходна оправдана пријава, и заради што беше монтирана, а потоа демонтирана опрема за снимање во мојата канцеларија, истакна премиерот.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега