За случајот „Пуч“ постојат цврсти и непобитни докази

 

Информиран сум од МВР дека од нивната комуникација со обвинителството се цени дека за сето ова постојат цврсти докази, како матерјални, така и сведочења, а за дел од нив ќе говорам и подоцна.  Значи цврсти и непобитни докази, рече премиерот Никола Груевски на денешната прес-конференција.

Груевски рече дека дел од пронајдениот материјал кај лицето З.В. пронајден е и во компјутерот на неговата сопруга која го користела на нејзиното работно место во една финансиска организација во сопственост на приватна компанија од една соседна држава.

-За тоа дали лицето ЗВ и неговото семејство имале или не одредени незаконски дејствија, укажуваат и нивните панични реакции во обид со секира да го скршат комјутерот, низ прозор да ги фрлат мобилните телефони во кои испраќањето на пораки било со шифри со комбинација на броеви, и за нивната инволвираност прибавените докази МВР ги достави до јавното обвинителство и ќе бидат презентирани пред судот во понатамошната постапка. Дали некој од Вас доколку е невин, и по некој случај му дојде полиција за претрес, ќе го крши компјутерот со секира, ќе го фрла мобилниот телефонот низ прозор, и дали некој нормален човек со сопругата и децата се допишува наместо со букви, со бројки, шифри кои секој од нив знае како да ги дешифрира и да ги претвори во текст?, рече Груевски.

Премиерот потенцираше дека за среќа се ова е дешифрирано и обезбедено како доказ за на суд.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега