Болен татко на две дечиња моли за помош - еве ја приказната на Игорче Петковски

Игорче Петковски, храбар и позитивен човек и татко на две малолетни деца,  моли за помош која сега му е и повеќе од потребна.

Игорче се бори со леукемија цели 4 години, поточно со Hairy Cell, хронична болест која ги напаѓа белите крвни зрнца. Болеста се третира со хемотерапија (Cladribine, Retuximab), која  Игорче за прв пат ја примил пролетта 2009 година.

-Оваа терапија треба да го стави пациентот во Ремисија, што и се случи со мене. Три години немав скоро никакви проблеми, но пролетта 2011 година по некој мали индикации направивме биопсија која даде резулат дека болеста е повторно вратена. Хемотерапијата повторно, но овој пат не успешно. Мојот хематолог тогаш ги дигаше рамениците и кажуваше дека за мене спас во оваа држава нема, вели Петковски во јавниот повик за помош.

За да се утврди точната варијанта на болеста и потребниот третман, на Игорче му се потребни околу 15.000 евра, додека цената на третманот сеуште не може да се утврди.

-Со таа цел Ве замолувам да ми помогнете да можам да заминам на лекување. Секој ден за мене е губење и опасност болеста фатално да напредува. Вашата помош е бесценета безоглед на висината. Доколку сте во можност да ми помогнете Ве молам да донирате, повикува Петковски.

Сите кои се во можност да донираат тоа можат да го направат на следниов начин:

Денарска Сметка Бр. 280 107100758282 Со цел на дознака: ЗА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО ЗА ИГОРЧЕ ПЕТКОВСКИ 

Девизна Сметка за донации од Станство Бр: 280 107101007019110 SWIFT CODE: KRSKMK2X

БРОЈ ЗА ДОНАЦИИ: VIP 077 143 779

најчитано сега