Чиј сеир е посеирџиски?

Поголема морбидност од сеирот врз нечија судбина е монструозната манипулација дека сеирот е доказ за нечија невиност. До тоа дно дојде опозициското политичко дејствување во државата. Седум месечното драматизирање и држење на јавноста во заложнитво за некакви докази за криминал, корупција, диктатура, изборен фалсификат се сведе на обидот невкусниот и неодогворен сеир на поединци да се претстави како крунски доказ. Заев го одигра најопасниот бал без маски на најтенкиот конец поставен на висина од два облакодера. Со немиот и тап поглед и главоклимувачкото одобрување на оние кои стоеја позади него, заедно со себе ја одвлече и партијата која, за жал, е единстевната опција која во моментот е каква било алтернатива на власта.  Со тој чекот Заев ги сруши сите бариери на какви било политички граници во државата. Од тој петок 20. Февруари 2015 година во македонската политичка борба веќе нема дно… веќе нема изненадување.

Третата и круцијална прес -конференција, како што минатите неколку денови ја најавуваше Заев, требаше да биде почеток на падот на власта, но во суштина тоа требаше да биде почеток на монструозното сценарио за рушење на власта и тоа засновано не на докази, туку на индикации. Демек можеби е така, затоа што видете како сеирџиски се однесуваат. Односно, не можеби, туку така е…! Јас не знам кој, но знам дека тој што ги објави снимките од разговорите на Бошковски со “Посредникот” има историска улога во бајпасирањето на едно крваво сценариот на кое беше подготвена македонската опозиција.  Тоа објавување на тие снимки за мене се најодговорниот чекор во спречувањето крв низ улиците во Скопје.

А што всушност предвидуваше сценариото кое почна да се реализра само неколку часа по скандалозно манипулативната прес-конференција на Заев. Собирите пред владата, со разгласно емитување на прислушуваните разговори што ги објави СДСМ требаше да добиваат на инитензитет секојднево следните неколку денови. Потоа требаше да следува нова прес-конференција на Заев во една загреана атмосфера на негативен набој кон власта. Тогаш требаше да се објават нови разговори, повторно со идикации дека нешто е сомително, кои пак дополнително требаше да ја вжештат атмосверата. Како спорадично засилување на тензијата улогата ќе требаше да ја одиграат студентите, кои изминативе денови прогласуваа окупирани и автономни територии. На пример реализација на нивната идеја за окуација на МТВ, нешто што би предизвикало и судир со полиција, инцидент, а евентуално повредени студенти би била искрата која треба да ја запали нацијата да тргне кон секојдневни демоснтрации за рушење на власта. Потоа се требаше да оди според предвиденото на “павелшатевска”.

Од сегашна дистанца станува и се појасно зошто токму Бошковски беше избран како инструмет во тоа сценарио. Прво и основно затоа што од големата приказна за докази за криминал, корупција, изборен фалисфикат, диктатура нема ништо. Тоа е сосема јасно по сите досега обелоденети телефонски разговори.  Второ затоа што приказната за наводно масовно прислушување на 26.000 македонски граѓани од македонската власт е бледа слика низ која јасно се гледа позадината. И трето затоа што Бошковски, како идеолошки припадник на другата страна, лесно може да ја разбранува внатре-вмровска атмосвера.  Што самиот би релкол, мене пинаку ме гледаат. Јас сум робувал за Македонија. Со други зборови сценариото полесно се спреоведува кога партиското ткиво на власта е опседнато со сомнежи и недоверба. Бошковски беше несреќната жртва на Заев. Да не беше лажната идеја за негова одбрана, веројатно никогаш јавноста немаше да го види вистинското лице на “бранителот “, кој за пари веројатно и гол би прошетал низ ресторанот, ако тоа од него го побараше “посредникот”. Но, дали сценариот на СДСМ нема план Б? Кој е следниот што Заев ќе го брани.

Развојот на настаните и понатаму ќе се одвива во правец на дефокусирање од суштината. Прислушуваните телефонски разговори нема да ја докажат суштината и затоа намерата е да се искреира слика дека власта е монструозна, нечовечка, садистичка. Нема да биде изненадување ако во неможноста да се убеди јавноста дека индикациите и сомнежите треба да бидат докази се влезе во сценарио на обелоденување и на инкриминирачки телефонски разговори.

Тука ќе има и многу сеир. Затоа сеирџискиот речник нема да го бранам бидејќи тој мене ми е далечен. Несвоиствен. Но, едностраниот поглед на секоја слика не го дава вистинскиот лик. Секој поглед од различен агол дава друга фигура. Затоа е добро да се слушнат и телефонски разговори на функционери на опозицијата, па да се спореди чив сеир е посеирџиски.

На крајот на краиштата секој политичар со својот речник излегува на избор. Таму се мери неговиот морал и вредности. Така демократите ја сфаќаат демократијата. За другите демократијата  е само вокабулар…

Марјан Николовски – Новинар
Денешен

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега