Со пари в џеб на прошетка на Кале - тврдината конечно отворена за посетители
Тврдината Кале конечно е отворена за посетители. Граѓаните и туристите, по две години пауза, можат да ја посетат тврдината. Најновите измени предвидуваат на секој од влезовите да биде постаена чуварска служба кај која ќе треба да се пријавуваат посетителите, објавува Вест.
-Тензиите кои беа поради изградбата на црквата се смирија, но на Калето се извршуваат археолошки ископи и конзерваторски работи, па затоа е потребен одреден режим на движење низ него, вели директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман за Вест.
Тој најавува дека влезот во иднина ќе се наплаќа.
-Го подготвуваме Калето да стане место кое секој турист би го посетил и би имал што да види. Веќе се поставени два телескопа, од кои може да се види цело Скопје, а во тек се и конзерваторските работи за заштита на остатоците од Отоманската Империја. Кога ќе ги завршиме сите овие работи, ќе почнеме да наплаќаме влезница, вели Кузман за Вест.
Тврдината Кале беше затворена за посетители по тепачката за изградба на црква во февруари 2011 година.
ФОТО: arheo.com.mk