Моќта на тишината: Илјадници Турци дел од стоечките антивладини протести

 

Илјадници демонстранти ширум Турција им се приклучија на „стоечките протести“ против Владата, кои започнаа во понеделникот, а се работи за демонстранти од Истанбул, Анкара, Измир, Анталија, Ескишехир и многу други градови во земјата.

Стоечките протести траеја до раните утрински часови денеска. На истанбулскиот плоштад Таксим утрово се уште стоеја околу илјада луѓе.

Според голем број турски набљудувачи овој вид на протест „значи многу за учесниците во него и за Владата“. Тој означува „бојкот“.

Демонстрантите побараа од поддржувачите да не провоцираат немири, но повикаа да се бојкотираат сите провладини компании, медиуми, банки и големи синџири на угостителски објекти во следните четири месеци. Исто така, е предложено и турските граѓани да не посетуваат неколку луксузни хотели во околината на плоштадот Таксим, кои ги затворија вратите за демонстрантите при полициската интервенција во паркот Гези.

најчитано сега