Проверете какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне на исток со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег, а попладне ќе има почести сончеви периоди. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 10 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во попладневните часови со почести сончеви периоди, а преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени

Во следните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат повремено со снег. Поинтензивни врнежи ќе има во среда преку денот кога наместа ќе наврнат и над 20 литри на метар квадратен, а преку денот ќе дува умерен јужен ветер.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега