ОМД ќе ја додели наградата за пријателство со Македонија на австралиските пратеници Џонс и Симпкинс

 

Обединетата македонска дијаспора (ОМД)  ќе им ја додели „ОМД наградата за пријателство со Македонија“ на ко-претседавачите со австралиско-македонската парламентарна група на пријатели - Стивен Џонс, пратеник од Тросби и Лук Симпкинс, патеник од Коуан.

- Џонс и Симпкинс неуморно работат кон зајакнување на пријателските односи помеѓу Австралија и Македонија. ОМД е строго убедена дека австралиско-македонската заедница  се здобила со посветени пријатели и пободници за еднакви човекови права за Македонците. Двајцата парламентарци неуморно и во неколку наврати ја повикуваа австралиската влада да донесе правилна одлука и да ја признае Македонија под нејзиното уставно име. Воедно, ОМД се надева дека Австралија наскоро ќе престане со ваквата дискриминаторска политика и нема да ја именува Македонија со ниедно друго име освен со уставното, соопшти ОМД.

Австралиско-македонската парламетнарна група на пријатели, која брои повеќе од 20 членови, има за цел промоција на поблизок, поквалитетен и посуштински однос помеѓу Македонија и нејзината дијаспора во Австралија, преку иновативни и високо импактни политики, програми, проекти и настани кои доведуваат до подобри социјални, економски и еколошки резултати за сите клучни заинтересирани страни.

ФОТО: Денешен

најчитано сега