Граѓаните на Македонија да бидат спремни за силен отпор: Нема да им дозволиме да ни ја продаваат татковината

Создавањето и постоењето на Македонски манифест е поврзано со зачувување на македонското име (идентитет) и територијалниот интегритет на македонската држава која веќе 25 години е под силен притисок на надворешни и внатрешни непријатели. Македонски манифест секогаш бил против поставување на партиските интереси над националните и државните, затоа што со нив се прават поделби на македонскиот народ и се урива државноста. Денешната драматична состојба во Република Македонија наликува на таа од пред 2001 година. Иста е и целта. Затоа ги повикуваме граѓаните на Република Македонија да бидат единствени и спремни на силен отпор против сите кои работат на разнебитување на македонската држава. Мора да внимаваме на состојбите во македонските државни институции, но и на однесувањето на политичките партии. Не смееме да попуштиме пред надворешни и внатрешни фактори кои би имале за цел да го загрозат македонскиот државен интегритет и суверенитет.  Истровремено, Македонски манифест ги повикува двете најголеми македонски партии да не си играат со македонските национални интереси затоа што Република Македонија не е нивна приватна сопственост.  

(Интегрален текст од отворено писмо на Македонски манифест до граѓаните на Република Македонија)

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега