ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Ќе истури дожд - нов влажен бран доаѓа кон Македонија

Во недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажен бран од Медитеранот и времето ќе биде облачано со врнежи од дожд, на повисоките места кон крајот на денот и во ноќта кон понеделник врнежите од дожд ќе поминат во снег, а на планините од снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните и јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2 воден талог, а на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во понеделник во текот на денот врнежите постепено ќе престануваат.

И во наредните денови ќе продолжи период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

 

 

Оцени ја веста

21.02.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа