Утрово најстудено во Скопје - ова се моменталните температури во Македонија

Времето изутринава e сончево со мала локална облачност, со слаб, а во источните делови повремено умерен ветер од југоисточен правец. Најладно било во Скопје-Петровец - 6 степени, а најтопло во Дојран каде се измерени четири степени. 

Во Берово се измерени - 5 степени, во Маврово и Тетово - 4 , во Лазарополе, Крива Паланка, Битола, Струмица, Куманово и Скопје-Зајчев Рид - 3, во Охрид, Прилеп и Гевгелија - 2, Штип и Виница - 1, во Претор 0 степени, во Демир Капија 2 и 4 степени целзиусови се измерени во Дојран.

Висината на снежната покривка изнесува 47 сантиметри во Маврови Анови, 30 во Лазарополе и 15 во Крушево. 

И денеска времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен  јужен ветер. Дневната температура ќе достигне до 12  степени.

 

 

Оцени ја веста

21.02.2015 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега