Прага има нов градоначалник
Партијата ТОП 09 и чешките социјалдемократи се договориле нов градоначалник на Прага да биде Томаш Худечек, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.
Партиите, тврдат дека не се коалициски партнери, бидејќи социјалдемократите остануваат во опозиција, туку дека се одлучиле да соработуваат за да функционира раководството во Градскиот совет, откако на иницијатива на најмалата партија во владината трипартиска коалиција, ТОП 09 беше отповикан дотогашниот градоначалник Бохуслав Свобода.
Како причини беа наведени несогласувања во Советот и несоодветно рааководење и решавање на проблемите во ообласта на сообраќајот, финансиите и имотот.
Граѓанската демократска партијата (ОДС), која со ТОП 09 и ЛИДЕМ е дел од владината коалиција, во Советот на Прага е во опозиција првпат по повеќе од 20 години.
ФОТО: Денешен