ФОТО: „Урбан ѕид“ во Битола

Агенцијата за млади и спорт во соработка со општина Битола денеска го промовираше проектот „Урбан ѕид“ чија основна цел е да ја стимулира креативната енергија на младите уметници од овој град.

 

На прес-конференцијата директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески посочи дека проектот „Урбан ѕид“ е во функција на заштита на ѕидови, фасади и други јавни површини од оштетување и истовремено промоција на креативна уметност.

- Многу често цртањето графити се смета за вандализам, но кога постои точно определн простор за графити и кога се испишуваат пораки со позитивна содржина во кои се претставува младешкиот потенцијал, кративниот ум и младешки став, тогаш тие наидуваат на позитивна реакција. Со проектот „Урбан ѕид“ кој се реализира во повеќе македонски градови сакаме да се фокусираме на места на кои што ќе им се овозможи на младите луѓе да го искажат својот креативен потенцијал за цртање графити, да ја канализираат својата позитивна енергија и да ги одтргнеме од идејата да пишуваат графити со било каква содржина и било каде, истакна Спасески.

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески посочи дека во проектот „Урбан ѕид“ вклучени се ученици од основните и средните општински училишта кои имаат талент да цртаат на ѕидна површина, за што локалната самоуправа го посочи ѕидот на ракометното игралиште што се наоѓа кај градското шеталиште.  

- Ако има интерес и креативни предлози ние ќе обезбедиме и друг простор за да им овозможиме на младите да ги искажуваат своите креативни идеи. Битола е град со големо културно историско наследство и често пати се соочуваме со проблем на оштетување на површини кои со закон се заштитетни и кои се испишуваат со несоодветни содржини. Затоа го поддржуваме овој проект на Агенцијата за млади и спорт со која имаме континуирана и одлична соработка, истакна Талески.

 

Проектот „Урбан ѕид“ на Агенцијата за млади и спорт се реализира во општините Гостивар, Велес, Кисела Вода, Битола, а утре ќе биде реализиран и во општина Кочани, беше потврдено на денешниот промотивен настан во Битола.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега