Ахмети се сретна со амбасадорот Крамариќ

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска и хрватскиот амбасадор во Македонија Златко Крамариќ разговарал за политичките случувања во земјата во врска со наводите за прислушување, политичкиот дијалог, како и за евроатлантската интеграција на земјата.

Ахмети, според партиското соопштение, го запознал хрватскиот амбасадор дека ДУИ побарала Брисел да ангажира тим составен од високи политички претставници, како и истражни и правни експерти кои заедно со локалните власти, би го следеле одблизу решавањето на случајот со прислушувањето.

- Ова ќе ни овозможи концентрација на главниот фокус на државата кој е решението на спорот за името и интегрирањето во НАТО и почетокот на преговорите за членство во Европската Унија. Сите страни во земјата треба да ја имаат предвид важноста на процесот на интеграција и да се ангажираат во согласност со очекувањата на граѓаните, стои во соопштението од ДУИ. 

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега