Фондот за иновации е добредојден проект за македонската економија

Развој на домашната економијата, подобрување на животниот стандард, производството и конкурентноста. Ова ќе бидат главните придобивки од кофинансирањето на иновативните проекти преку Фондот за иновации и технолошки развој. Мерката е повеќе од добредојдена во време на криза, констатираат домашните бизнисмени, затоа што иновацииите значат поконкурентно производство, пишува Лидер.

Огласот е објавен, а во правата фаза ќе се распределуваат 600 000 евра за првите 20 проекти.

 

Домашните компании можат да аплицираат за грантови за кофинансирање кои можат да достигнат најмногу до 30.000 евра. Фондот покрива 85% од трошоците за проектот, а апликантот треба да ги обезбеди останатите 15%.

-Овој фонд за иновации ќе му помогне на стопанството, затоа што сите средства што можат да се влеат во стопанството, поготово кога имаме иновации,на подобрување на нашето призводство и подобрување на квалитетот на работење, е од големо значење воопшто за работењето на компаниите во ова модерно време. Така да сметам дека овој Фонд ќе биде од исклучително значење на малите, мирко и средни компании кои сакаат да иновораат својот процес на работење и да ги подобрат условите на работење,  изјави за Лидер Горан Рафајловски, бизнисмен.

Јавниот повик се однесува за микро, мали и средни претпријатија кои не се постари од шест години односно старт ап и спин оф претпријатија во доминантна сопственост на македонски граѓани кои имаат иновативни идеи.

-Овој Фонд секој стопанственик треба да го поздрави и да само да го цени времето и тајмингот во кој е формиран. Овој Фонд ке помогне само на иновациите на некои нови млади кадри кои што ќе можат да креираат производи за европските и светски пазари, но тој не е доволен за да може да заживее претприемништвото со сите негови елементи. Јас сум поборник за тоа дека треба прво да овозможиме на постоечките мали и средни компании субвенции, кои што се нето извозници на европските пазари за да можеме да ги поттикнеме да бидат конкурентни на другите европски производители. Така да овој Фонд и овие пари се за поздравување и за една новина која што треба да донесе резултат, т.е треба да дадеме мислење после нивната имплементација, односно дали новата генерација на млади претприемачи може тоа да го прифати како потреба за некој нов производ и некој нов паар. Сега за мене тоа е само една економска мерка која е добредојдена во време на криза и тоа е мерка која ни овозможува младата генерација да ја задржиме во Македонија, изјави Зоре Темелковски, бизнисмен.

Фомруларот за аплицирање се наоѓа на веб страницата на фондот. Апликацијата е едноставна, апликантот ја опишува фирмата, ги наведува изворите од каде ќе ги обезбди сопствените средства, колку пари бара од фондот, ги опишува карактеристиките на својот производ и неговиот потенцијал за извоз.

-Фондот на иновации е резултат на политиките што ги спроведуваме на ова поле и има за цел да ги поттикне, она што самото име го кажува, иновацииите во Р. Македонија, бидејќи според сите показатели за успешноста и конкурентноста на дадени држави секаде, нивото на иновации и нивна комерцијализација е она што го определува и нивото на развој на една држава . Таму има најголем степен на додадена вредност и тоа најмногу влијае и на животниот стандард и на развојот на економијата, изјави Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.

 

Огласот за овој прв инструмент на фондот е отворен до 18 април. За оваа година планирани се три инструменти за што Фондот има на располагање 2,2 милиони евра. Во наредните две -три години преку него македонските фирми ќе добијат вкупно 10 милиони евра. Парите за Фондот се обзбедени преку Буџетот со поддршка на Светска банка.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега