УЈП: Фирмите имаат уште 15 дена да се регистрираат за е-Даноци
Од 1 јули 2013 година, со стапувањето во сила на задолжително електронско пријавување на ДДВ и данок на добивка за ДДВ обврзниците, на шалтерите во УЈП веќе нема да се примаат ДДВ-пријави и Даночни биланси за данок на добивка во хартиена форма.
Доколку фирмите не се приспособат на новините во даночното работење, нема да можат навреме да ја поднесат ДДВ-пријавата во УЈП, за што е предвидена глоба која достигнува до 3.500 евра во денарска противвредност.
Вкупно 12.059 правни лица и самостојни вршители на дејност кои моментално се корисници на стариот систем на е-Даноци, задолжително ќе треба да мигрираат на новиот систем на електронски услуги на УЈП. Во спротивно од 1 јули 2013 година нема да можат да ги користат е-даночните услуги. Постапката за миграција е едноставна и се врши електронски преку веб страницата https://etax-fl.ujp.gov.mk .