Куманово: Му украле 22.000 евра отишол да си ги земе па ќе го убиеле со пушка

 

Во полициската станица во Куманово се приведени 32-годишниот А.К. 66-годишниот Ф.Љ. 25-годишниот Х.Љ. и 23-годишниот Г.Љ.(23) сите од Куманово, под сомнение дека направиле убиство во обид.

Пред два дена околу 22 часот и 30 минути, 32-годишниот  Ќ.А.  со негово возило отишол во куќата на  пријавените за да побара 22.000 евра, кои  А.К. ги украл од братот на Ќ.А. додека бил кај него во Швајцарија.

На вратата излегол Ф.Љ, инаку татко на тројцата останати  пријавени и започнал вербална расправија со оштетениот, по што од куќата излегле и останатите пријавени кои ја продолжиле расправијата. Во еден момент А.К. зел автоматска пушка, по што Ќ.А. избегал во своето возило, а А.К. испукал неколку куршуми во возилото.

Оштетениот исплашен го оставил возилото и пеш избегал од лице место, по што настанот го пријавил во полиција.

 

најчитано сега