Македонското МВР во акција: Уапсени 6 лица

 

Неколку милиони денари направиле штета шестмината приведени во полициската акција Гора чие продолжение се реализираше утрово. Како што веќе објави Press24 ти се приведени за незаконска експлоатација на шума. 

Во периодoт од октомври до декември лани СВР Скопје постапувајќи согласно претходно изготвени планови за преземање мерки и активности во рамки на акцијата „Гора“, до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе вкупно 19 кривични пријави, со вкупно 29 пријавени лица, меѓу кои две малолетни лица, за сторени вкупно 22 кривични дела.

Десет од кривичните дела  се „кражби“, потоа за „помагање“ за „фалсификување или уништување деловни книги“, за „злоупотреба на лични податоци“, како и за „кражба во обид“.

Во рамки на овие активности заапленети се над 125 метри кубни разни видови огревно дрво, претежно даб, бука габер, одземени се пет товарни моторни возила и исто толку патнички моторни возила, како и еден трактор со приколкаа, шест моторни пили, самари. Вкупната проценета штета изнесува речиси 850.000 денари.

 

 

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега