Исламистите киднапираат Египќани во Либија
Исламисти киднапираат Египќани во главниот град на Либија, Триполи, објави египетскиот весник „Ал Дустур“ (Устав).
Весникот наведува дека синоќа биле извршени неколку киднапирања од страна на вооружени исламисти.
Либиските исламисти вчера поставија ултиматум Египќаните во рок од 48 часа да ја напуштат земјата.
Ситуацијата во Либија е тензична откако Исламска држава обезглави 21 египетски Копти, а египетското военовоздухопловство ги нападна позициите на ИД во Либија.
Оцени ја веста
17.02.2015 - 09:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа