Еврокомесарот Хан во Македонија
Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ Јоханес Хан денеска ќе престојува во посета на Република Македонија во рамки на која ќе има средби со македонскиот државен врв.
Како што е најавено, Хан кој е во прва посета на Македонија по стапувањето на функцијата, ќе има средби со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, како и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.
Се очекува на средбите да стане збор за процесот на евроинтеграции на Република Македонија .
Непосредно пред посетата Хан во изјава за МИА порача дека доаѓа во прва официјална посета на Република Македонија со цел да се реши политичката ситуација во земјата, но и со ветување од најголемите политички партии во Европскиот парламент дека исто како и во успешниот случај во Албанија, ќе се обидат да ја вратат опозициската СДСМ во македонското Собрание.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа