СДСМ им порачува на активистите: Креирајте албански профили и ширете омраза
По се изгледа раководството на СДСМ веќе започна да го оргнизира своето членство за потикнување на меѓуетничка омраза, а со тоа и меѓуетнички инциденти, пишува Денешен.
На социјалните мрежи веќе кружат неколку пораки, преку кои од централата на СДСМ се даваат инструкции на членството како да коментираат на своите Фејсбук профили.
Интересно е тоа што од централата им сугерираат на своите членови најомразувачките коментари да бидат од албански профили.
„Насока од централа: Да се фокусираме со најомразувачките коментари од албански профили што по задача требаше да ги направите со следниве поенти:
Грујо и владата паѓаат,
– Готови сте вмровчина
– Ќе ве нема еден ден ќе ве иселиме
Напомена внимавјте да не се слични како на вмровчињата да не има по куририте“.
Ова е пораката која е испратена до членството, а она што е особено интересно е зошто раководството на СДСМ бара од своите членови да отвараат албански профили и баш од нив да бидат најомразувачките коментари. Сето ова отвара голем сомнеж дека „бомбата“ на Заев покрај другото има за цел и потикнување на меѓуетничка тензија и инциденти.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа