Груевски најави: Деновиве ќе излезам со конкретни коментари
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска беше запрашан од новинарите во врска со новообјавените снимки од страна на Зоран Заев, тој одговори дека во следниот период ќе излезе со поконкретни коментари.
Тој рече дека следува период во кој што ќе има ваков вид работа, затоа што на четирите негови средби со Заев бил информиран дека во соработка со странски разузнавачки служби дошол до материјали кои има намера да ги објави доколку не се овозможи формирање техничка влада, нешто што, како што рече Груевски, јас го одбив и го замолив се што има слободно да објави.
- Од тој аспект засега не би коментирал ништо повеќе, но во наредниот период ќе излезам со поконкретни коментари, рече Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа