Канческа- Милевска ќе оствари работна средба со Дуке Бојаџиев
Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска, утре ќе оствари работна средба со македонскиот уметник со интернационална кариера Дуке Бојаџиев.
Бојаџиев е еден од најзначајните современи македонски композитори кој долги години живее и успешно твори во Њујорк.
На средбата, меѓу другото, ќе стане збор за идните активности за промоција на македонската култура во светот, информираат од ресорното министерство.
Оцени ја веста
16.02.2015 - 20:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа