Втор воздушен напад на Египетските воздухопловни сили врз позиции на ИД во Либија
Египетските воено воздухопловни сили денеска извршија втора серија на воздушни напади врз позиции на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Либија.
Локалните медиуми не наведуваат какви објекти на радикалната група биле цел на нападот.
Во текот на минатата ноќ военото воздухопловство на Египет бомбардира позиции на ИД во околина на либискиот град Дерна, кој е упориште на исламистите. Операцијата била одговор на убиството на 21 египетски христијани, кои претходно биле киднапирани од исламистите.
ИД вчера објави видео снимка на интернет, на која било прикажано обезглавувањето на египетските Копти.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа