ФОТО: Mу донирала бубрег, а сега...
Дени Робинсон го изгубил неговиот татко кој починал од тумор на мозокот, а на Божиќ му изгорела и куќата, а згора на тоа имал проблеми со бубрезите и итно му била потребна трансплантација...
Младата Ешли ја видела неговата приказна на вести, па во разговор со нејзината мајка одлучила да се понуди да помогне, затоа што имала крвна група нулта, па со тоа била универзален донатор.
Уште следниот ден доброволно се пријавила за да направи тестирање и да го донира едниот бубрег, а откако било утврдено дека одговара, му била направена успешно операцијата, а следниот ден Ешли отишла да го посети.
Во тој момент не ни помислувале дека може да се случи нешто помеѓу нив, но штом почнале да разговараат имале чувство како да се знаат цел живот.
Откако Дени заздравел од операцијата, почнале да излегуваат и да се дружат заедно.
Нивната љубов секој ден станувала сè посилна и посилна, па на ден пред Божиќ ја прашал дали ќе се омажи за него.
Денес Ешли и Дени ја планираат венчавката и уживаат. Наскоро ги очекува уште една голема радост, бидејќи Ешли е веќе шести месец бремена.
По толку лоши работи, веројатно следуваат и низа на многу радости.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа