Бесни и пијани битолчанки претепале дежурен лекар и две медицински сестри

Две пациентки физички нападнале лекар и две медицински сестри на ургентното одделние во битолската болница, информирале од МВР, пренесува Дневник. Споредд весникот, драмата се случила во саботата нешто по полноќ на првиот кат од болничката зграда, кога две пациентки, најверојатно под дејство на алкохол, пристигнале со такси возило, влегле во Одделението за ургентна медицина и побарале лекарска помош.

- При укажување на лекарска помош дежурниот лекар и двете медицински сестри биле физички нападнати. Лекарот повикал и полиција, а полицаецот на двете битолчанки им дал платни налози да платат казна за физички напад, изјавила за Дневник, Магдалена Димитровска, портпарол на битолската полиција. 

Медицинскиот персонал кој бил нападнат не заработил посериозни повреди. 

Од битолската Болница го потврдиле овој настан. Според информациите на Дневник, ова не е прв пат нервозни пациенти да ги нападнат битолските лекари. Пред пет години, бесен пациент и скрши рака на 64 годишна докторка бидејќи не сакала да го прегледа преку ред. Пациентот си заработи кривична пријава за нанесување тешки телесни повреди.

Истата година, потсетува Дневник, пациен ги нападна дежурниот доктор и медицинската сестра на хируршкото Одделение во битолската Болница.

најчитано сега