Немирен викенд во Скопје: Деветмина повредени на скопските улици

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 18 сообраќајни незгоди, од кои во петокот се случиле пет сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи и двајца пешаци.

Во саботата извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди и истите се со последица материјална штета, додека вчера извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и две се со телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и двајца сопатници.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 43 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај.Тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, тројца возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, како и 49 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 85 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега