Заев докажа: Мијалков и Груевски не стојат зад прислушувањето
Заев и денес продолжи со објавување на материјалите за кои е осомничен во акцијата „Пуч“ и кои според пријавата се добиени од странски центри. тој обелодени телефонски разговор на шефот на УБК, Сашо Мијалков во кој тој инсистира на чело на Врховниот суд да застане Македонец наспроти инсистирањето на ДУИ оваа важна функција да ја превземе Албанец. Со ова Заев само докажа дека и шефот на УБК бил прислушуван, а тоа според логика на нештата не би можело да биде на сопствено барање. Денеска се потврди дека ниту Груевски, ниту Мијалков стојат зад прислушувањето.
Од разговорот на новинарот Драган Павловиќ Латас, јасно можеше да се утврди дека тој ги загубил сите судски предмети во Апелациониот суд во Скопје кој ги водела судика блиска до СДСМ.
Заев на прес-конференцијата говореше за поврзаноста со администрацијата заборавајќи на неговото предизборно ветување кон своите сопартици.
Со реакција се јави и владеачката ВМРО-ДПМНЕ во која се вели дека со секоја прес-конференција Зоран Заев само докажува дека е соработник и инструмент на странски разузнавачки служби, како што самиот тврдеше. со одработување за странски центри и објавување на креирани материјали, Заев се надева дека без поддршка од граѓаните, без програма, проекти и идеи, ќе дојде на власт, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Само за потсетување во времето на СДСМ во 96-та година во еден ден без избрани 617 судии без никакво учество на опозициската ВРМО-ДПМНЕ во тој процес.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа