Заев ги стави бизнисмените во грч- извлече ли лична корист?

 

Зоран Заев ги држи граѓаните под закана, сопартијците со уцена, а бизнисмените во грч.

Неговите помпезни најави за материјали кои ги поседува, се вперени кон сите.

Не е прв пат лидерот на СДСМ да ги помеша политиката и бизнисот.  Овој пат, на штета на целата држава, Заев им се закани на сите со папките кои ги поседува во својата канцеларија. Во неизвесност за тоа- колку и што навистина поседува, а за што манипулира, бизменисмените се во ситуација на „стенд-бај“.

-Секогаш кога ќе се случат чувствителни настани поврзани со безбедноста на државата несигурноста е неизбежен фактор. Состојбата на воздржаност во бизнис секторот е исто така разбирлива бидејќи динамиките и протокот на капиталот е поврзан со ризикот, но и со стабилноста и безбедноста. Ако немате доверливост или ако истата може да биде загрозена бизнисот значително е предизвикан. Тоа може да отвори дилеми околу конкурентноста, заштита на интелектуалната сопственост, како и заштита на деловни информации. Овие информации секогаш бараат ексклузивитет и тајност. Најповеќе бидејќи иновативноста и ексклузивноста, покрај останатото,  се предуслови за успех во бизнисот. Сепак, оваа не сигурност не е специфична само за нас. Многу посилни држави од нас се на истиот предизвик, веќе истакна за Курир Методи Хаџи -Јанев, Универзитетски професор и аналитичар за безбедносни прашања.

Се отвора дилемата- Дали разговорите кои Заев ги слушал е можно да биле причина за некои чекори со кои Заев се збогатувал?

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега