Заев самиот си потврди дека Мијалков бил прислушкуван од странски центри
Зоран Заев нафрли деновиве огромен број на обвинувања, но секојдневно демантирајќи се самиот себе, се докажува дека излажа на многу теми.
Така, најавувајќи ја својата бомба, лидерот на СДСМ обвинуваше дека премиерот Никола Груевски и Сашо Мијалков ги прислушкувале македонските политичари и граѓани.
Денес Заев посочува дека Мијалков обавил разговор од кој јасно се воочува дека сигурно не е снимен по наредба на самиот Мијалков бидејќи од разговорот се гледа дека Мијалков е човекот кој се јавува , и отука е многу сигурно дека доколку би имало било какво прислушкувае за какво што обвинува Заев е сосема нелогично самиот шеф на УБК самиот себе си да се прислушкува.
Ова уште еднаш потврдува дека Заев ги добил материјалите од странски центри кои што имаат интрреси спротивни на Република Македонија, а чиј инструмент е Зоран Заев. Со тоа се покажува дека цел на тие странски центри бил токму директорот на УБК Сашо Мијалков и затоа бил прислушкуван
Ескпертите се согласни дека разузнавачите од надвор, чекаа само слаба алка во земјава, личност подготвена за се, па дури и да и наштети на својата земја. Откако го најдоа Зоран Заев, почнаа со реализација на своите планови.Тој стана нивниот инструмент.
Во поглед на содржината Заев денес пушти разговор меѓу, помеѓу Сашо Мијалков и Муса Џафери. Искреираните материјали се однесуваат на тоа дали претседател на Врховен суд да биде Македонец или Албанец. Директорот на УБК, Мијалков, инсистира на таа функција да биде Македонец.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа