Две лица убиени по стапувањето во сила на примирјето во Украина

 

Двајца цивили беа убиени минатата ноќ при напад по стапувањето во сила на прекинот на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина.

Раководителот на проукраинската администрација во Луганск, Генадиј Москал, соопшти дека двајцата цивили загинале нешто по полноќ при напад со ракетен систем „Град“ врз центарот на градот Попасна во Луганската Област. 

Украинските власти соопштија дека сите судири на линијата на фронтот запреле околу три часот по локално време (два часот по средноевропско време). Иако и по ова се забележани изолирани инциденти, според Киев, примирјето во целина се почитува.

Договорот за прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина стапи во сила синоќа на полноќ по локално време (23 часот по средноевропско време).

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега