Паскали: Заговорот на Заев заврши со фарса

Историјата се повторува, но прво како трагедија а второ како фарса. Заев дефинитивно создаде фарса, смета Умберто Паскали, американски аналитичар и познавач на приликите на Балканот, во интервју за програмата „Гласот на народот„ на ТВ Сонце, пренесува Макфакс.

- Историјата се повторува, но прво како трагедија, а второ како фарса. Заев дефинитивно создаде фарса... Заев и голем дел од раководството на СДСМ се обидоа очајнички да предизвикаат соросоидна „Обоена револуција“ за да ја дестабилизираат Македонија. Тоа не успеа, бидејќи за среќа „обоената револуцијата“ беше прекината и неутрализирана од Владата на (премиерот Никола) Груевски“, изјави Умберто Паскли

- Мојата прва реакција на обидот на Зоран Заев за државен удар беше дека тоа е веќе видено. Ме потсети на скандалот ’Чисти раце’ во Италија во 1992 година, вели Паскали.

- Дестабилизирајќи ја земјата, уништувајќи го нејзиното политичко и економско раководство, создавајќи политичка импотенција, економска деградација и драматична загуба на државниот сувернитет.“ ’Антикорупцискиот’ скандал беше организиран од тим воден од чиновникот Антонио Ди Пјетро, полуписмен чиновник кој одеднаш стана херој на истите медуми кои претходно ја подджуваа владината политичка партија... Беше тешко да се разбере како претходно непознатиот Ди Пјетро, стана италијанскиот Робеспјер Освен тоа, откако скандалот ја уништи Италија, беше откриена врската со странските разузнавачки служби..., прецизира американскиот аналитичар.

Паскали анализираше зошто Зоран Заев „и неговите ’господари на марионетите’ не успејаа.

„Тие сакаа да организираат ткн ’обоена револуција’. Но, таа вклучува два дела. Првиот дел е јавен - демонстрација на јавен плоштад каде што демонстрантите се манипулирани како војници во првите редови, со поддршка од медиумите, странските дипломати, невладините организации на Сорос, итн. Вториот дел, пак, е многу таен – мобилизирање на ’петтата колона’ внатре во државата што ќе ја уценува, заплашува и тероризира избраната влада. ...Заев и неговите ’господари на марионети’ потфрлија и во двата дела..., најмногу поради тоа што Груевски и владата одбија да бидат заплашени од лажни демонстрации или од мафијашките закани на Заев (од типот „Јас сум под заштота на моќна странска разузнавачка служба“)“, вели.

Според него „Груевски ги искористи и лисицата и лавот, како што објасни голем еден италијански господар пред 500 години. Тој го бранеше народот и покажа дека е доблесен човек“ појасни Паскали, и додаде оти се надева „истражувачите ќе објаснат како навистина функционираше пучот на Заев“.

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега