МОН и УКИМ во понеделник повторно на заедничка маса

Министерството за образование и наука ја поздрави одлуката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за формирање работна група и предложи првата средба меѓу работните групи да се одржи во понеделник.

- Цениме дека е од исклучително значење дискусијата помеѓу работните групи на двете страни во насока на унапредување на пакетот реформи во високото образование со цел подигнување на стандардите за квалитет, да започне во најскоро време. Во таа насока, ја прифаќаме иницијативата и предлагаме првата средба на работните групи да се одржи во понеделник, 16.2.2015, а во зависност од можностите на претставниците на двете страни, терминот и локацијата да бидат дополнително утврдени, се вели во соопштението од МОН.

Оттаму информираат дека по средбата со УКИМ ќе бидат организирани исти средби и со останатите универзитети.

Претходно, МОН информираше дека по вчерашното усвојување од страна на Собранието на Предлог - законот, со кој се одложи примената на последните измени на Законот за високо образование, продолжува дијалогот меѓу Владата и академската заедница на ниво на работни групи. По ова, Ректоратот на УКИМ во писмо упатено до ресорниот министер соопшти дека има формирано работна група.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 15:12
Фото: 
вести.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега