Соња и Јохан Тарчуловски очекуваат трето дете
Македонската фолк-пејачка Соња Тарчуловска, која нашата јавност најмногу ја памети по хитот „Во бело, во бело“, а која последните неколку години сè помалку ја има на естрадата, деновиве е повторно во блажена состојба, поточно – третпат ќе стане мајка. Оваа вест ги израдува нејзините многубројни обожаватели.
„Кога ќерка ми Мелани ми кажа дека, покрај братче, посакува да има и сестричка, јас бев пресреќна што можев да ја израдувам дека мама навистина ќе и ја исполни желбата. Но дали ќе биде токму девојче, се уште не знам“, изјавила Соња за Убавина и здравје
Оцени ја веста
12.02.2015 - 15:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа