Македонија падна три места на ФИФА листата
Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од три позиции на најновата ФИФА рејтинг листа објавена денеска. „Црвено-жолтите“ сега се на 104.место со 320 бодови.
Од противници на македонските фудбалери во квалификациите за Европското првенство најдобро пласирана е Шпанија (10.место), Словачка е на 22.позиција, Украина 27.ма, Белорусија се наоѓа на 101.место, а нјслаб пласман бележи Луксембург на 129.позиција.
Во ТОП 10 нема големи промени. Лидер е Германија е прва, пред Аргентина и Колумбија, а потоа до 10.место следуваат Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција и Шпанија.
Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 12 март.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа