Голема заинтересираност за бесплатна бања и туристички викенд
Голема е заинтересираноста на примателите на пензија за двата проекти бесплатна бањско климатска рекреација и бесплатен туристички викенд. Досега имаат аплицирано 15.260 пензионери кои што изразиле интерес за овие две бесплатни услуги што е навистина сериозна бројка и претставува голем интерес за искористување на поволностите од овие два проекти кои што ќе започната со реализација во март, април оваа година, истакна денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов одговарајќи на новинарско прашање.
Спасов посочи дек јавниот повик за проектите бесплатна бањско климатска рекреација и беспатен туристички викенд наменети за корисниците на пензија се во завршна фаза и ќе траат до 16 февруари.
-Сите пензионери кои што сакаат да ги користат овие две бесплатни услуги ги повикувам да ја искористат шансата и да аплицираат до 16 февруари со цел да можеме да ги земеме во предвид при правењето на листите и изборот на оние пензионери кои што ќе имаат можност да користат оваа бесплатна услуга, истакна Спасов.
Аплицирањето за овие проекти е до 16 февруари а сите заинтересирани корисници на пензија можат да аплицираат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа