Ирина Шајк бара ново момче
Прекрасната манекенка Ирина Шајк која неодамна ја раскина врската со светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, веќе почнала да бара ново момче. Во една телевизија убавата Русинка открила што очекува од мажите.
- Сакам чесни мажи. Сакам мажи кои се лојални кон своите жени. Сметам дека тоа е најважната работа кај мажите, рекла Ирина која потоа објаснила како за неа изгледа идеалниот состанок за Денот на вљубените:
-Многу храна, скапоцено шише шампањ, со оглед на тоа дека сум Русинка. Сакам скапоцен шампањ. Чоколадо и добар филм. Вчера го гледав филмот „Згодна жена“ и тоа е вистински филм за Денот на вљубените. Навистина е добар, рекла таа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа