Ме плашат идните додворувачи на моите ќерки- прозборе Здравко Чолиќ

 

Во интервју за списанието Story.hr легендарниот Здравко Чолиќ зборува за своето семејство.

На прашањето дали е тешко да се биде негова сопруга, тој одговара:

 

– Веројатно е! Но ние бевме заедно многу долго пред да станеме родители и да стапиме во брак. Сандра ме познава многу добро, знае каков сум и ја разбира мојата работа и луѓето околу мене, никогаш премногу не се мешаше во тоа, особено откако децата се тука бидејќи ја окупираат 24 часа дневно .

- На прашањето дали ќерките го подмладуваат, Чолиќ вели: Особено помладата, не можам да го издржам нејзиното темпо. Постарата има 13 години и таа е повлечена и своја но помладата која има само 8 има енергија за тројца!

 

Во интервјуто тој додава дека го плашат идните додворувачи на неговите ќерки, Уна (13) и Лана (8)!

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега