Заев го вовлекува и Жерновски во калта

Лидерот на СДСМ Зоран Заев за време на синоќешното гостувње во емисијата Анализа на 24 вести посочи дека во целиот концепт околу бомбите му помогнал и Андреј Жерновски, на тој начин директно вовлекувајќи го и градоначалникот на Центар во скандалот.

- Андреј Жерновски поради тоа што ми помогна во целиот овој концепт, консултирајќи го, дали се уште ќе излезе на тој прв прес со мене оти повеќе не е претседател на ЛДП, расчекор беше периодот ќе е претседател или не, посочи Заев во емисијата.

Со ваквите тврдења, Заев сега кон бездната го вовлекува и првиот човек на Општина Центар. Останува нејасно дали помошта на Жерновски кон Заев се однесува на концептот на прибирање на неовластено стекнатите материјали или пак на концептот на пласирање на тие неовластено и незаконски прибрани материјали. Со вакви изјави независно дали се алудира на прибирањето на незаконски стекнатите материјали или пак на нивното пласирање во јавноста Заев го вовлекува и може да се смета дека и го инкриминира и Жерновски во целата афера, велат експертите.

Освен што ги уценува и своите сопартијци како што беше објавено во дел од медиумите, и што ја вовлече партијата во тужбата против премиерот Груевски, наместо како што рече тој сам да тужи, Зоран Заев сега го влече со себе во калта  и Жерновски.

- Некои луѓе за себе ќе ги добијат папките, кои нема да бидат објавени, а потоа, на крајот јавно ќе го уништиме целиот материјал, рече Заев при гостувањето во 24 Анализа.  

Ова не е ништо друго освен уцена, коментираат експертите. Според нив, на овој начин Заев сака со поделување на материјалите да ги држи во заложништво и под постојана уцена лицата на кои ќе им ги подели неовластено стекнатите и поседувани материјали и дека дека оваа порака пред се’  е насочена кон сопартијците и коалиционите партнери. 

 

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега