Новиот американски амбасадор Бејли ќе ги предаде акредитивите на претседателот Иванов
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на САД во Република Македонија, Џес Бејли.
Бејли, дипломат од кариера во Стејт департментот, во Скопје доаѓа од позицијата заменик-шеф на мисијата на САД во Анкара, Турција, функција која ја извршувал од 2011 година. Доаѓа на местото на амбасадорот Пол Волерс, кој во Македонија оваа функција ја извршуваше од 2011 година.
Дипломирал на Универзитетот „Јејл", а се стекнал со магистерска титула на универзитетот „Kолумбија".
Од 2008 до 2010 година, служел како директор на Канцеларијата за политички прашања на Обединетите нации и претходно работел како лидер на Регионалниот тим за реконструкција во Ербил, Ирак 2007-2008. Служел како директор на вашингтонскиот Прес центар од 2005-2007 и како советник за односи со јавноста во амбасадата на САД во Хаг, Холандија 2002-2005.
Од 1998 до 2002 година, работел како офицер за културни прашања, а потоа како офицер за информации, портпарол на амбасадата на САД во Анкара.
Џес Бејли беше потврден како Амбасадор на САД во Македонија, од страна на Сенатот, во декември 2014.
Амбасадоро Бејли предизвика реакции во македонската јавност, откако на сослушувањето во Комитетот за надворешни односи, Македонците ги нарече Словени.
Неговиот претходник Пол Волерс потоа изјави дека тој дел од сослушувањето на Бејли во Сенатот бил изваден од контекст и оти нема промена во американската владина политика кон идентитетот или етничката припадност на македонскиот народ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа