Нечас: Претседателот не поддржува предвремени избори
Чешкиот претседател Милош Земан, по најавената оставка на премиерот Петр Нечас не преферира предвремени избори во земјата, јави дописникот на МИА од Прага.
Ова го најави Нечас, по средбата со Земан додавајќи дека со претседателот разговарале за сите можности за решавање на актуелната ситуација. Нечас, за вечерва најави дека ќе ја поднесе својата оставка и ќе ја заврши политичката кариера заминувајќи и од лидерската позиција на најголемата владејачка партија, Граѓанска демократска партија, ОДС.
Оставката на Нечас, додаѓа три дена по откривањето на досега најголемиот политички скандал во земјата, во кој специјалната полиција за откривање на организиран криминал во четвртокот, заедно со уште седум лица ја уапси шефицата на премиерскиот Кабинет Јана Нагиова.
Нагиова е осомничена за корупциска поврзаност со лобисти и бизнисмени, нудење функции во државни фирми на поранешни пратеници како противуслуга за откажување од мандатот, но и неовластено давање наредби до Службата за воено разузнавање за следење на Радка Нечасова, сопругата на премиерот.
Денешното поднесување оставка на Нечас, сепак според Уставот на земјата ќе значи паѓање на целата Влада.