ВНИМАВАЈТЕ: Овие 5 работи веднаш исфрлете ги од домот

 

Овојпат нема да зборуваме за нездрава храна и штетни намирници, туку за предмети кои сигурно ги имате дома, а треба веднаш да ги фрлите.

1. Стари пластични садови - фрлете ги сите пластични садови за чување храна, оние коишто се направени од чиста, цврста пластика, кои ја содржат ознаката 7 или „pc“(policarbonat). Овие пластични садови би можеле да содржат бисфенол А. 

2. Антибактериски сапуни - целосно неефикасни за убивање на бактерии, а според организациите за храна и лекови, може да бидат дури и штетни. 

3. Износени патики - после секои 500 - 600 километри, треба да ги замените патиките за трчање, вели физиологот Џејсон Карп. Кога патиките се носат многу време, перничињата им се истенчуваат, па се јавуваат болки во мускулите и коските, бидејќи помалку материјал има за да го ублажува допирот на стапалото со земјата. Ако не трчате, патиките менувајте ги на секои шест месеци.

4. Истрошена четка за заби - четката брзо се троши, после два месеци веќе влакната се аби, што значи дека четката треба да ја фрлите после 3 месеци користење. 

5. Облеката што веќе не ја употребувате - колку нешта од својот плакар облековте минатата година? Ако плакарот ви е преполн, исфрлете ги сите работи кои долго време не ги облекувате.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега