ФОТО: Се убила на 29 години бидејќи немала маж и деца

 

Рејчел Гоу од Ланкашир на свои 29 години чувствувала дека не ги исполнила своите животни цели.

Девојката била во длабока тага по смртта на мајка и во 2011 -та година. Но во 2012 се запознала со човек во кој се вљубила и сите мислеле дека се ќе тргне на добро.

Рејчел била многу блиска со мајката која ја изгубила во 2011 година. Била многу несреќна поради тоа. Сепак, со тек на време, почнале да се случуваат убави работи во нејзиниот живот. Во 2012 го запознала Антон Цварев во кој се вљубила, во 2013 почнале да живеат заедно, а Рејчел се вработила во болница. 

Во изјавата пред судот, нејзините брат и сестра Стивен и Сара велат дека и покрај се, таа не можела да се ослободи од тагата и несигурноста, и чувството дека животот не и се одвива како што таа сака. 

- Таа постојано се плашеше дека Антон ќе ја напушти. Многу сакаше да се омажи и да има деца - велат тие.

Антон вели дека вечерта кога Рејчел се убила, биле скарани. 

- Тоа утро го гледала мојот мобилен кој беше вклучен на полнење во спална и видела некоја порака која и била сомнителна. Пораката беше обична, но таа не веруваше. Ми рече да си заминам и јас зедов некои мои работи и излегов. Потоа ми прати порака - дека ми посакува се најдобро во животот. Тоа се случувало и порано кога ќе се скараме. Сепак имав чудно чувство дека нешто лошо се случува и се вратив дома - ја најдов на подот, отруена - изјавил Антон пред судот. 

 

Антон потврдува дека Рејчел постојано се плашела дека тој ќе ја напушти, иако, вели тој немал таква намера. Смртта на Рејчел е прогласена за самоубиство.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега