Масовна тепачка помеѓу навивачите на Хајдук и Динамо
Како што објавија хрватските медиуми, повикувајќи се на полициски извори околу 13:00 часот се случила масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук.
Првичните информации за тепачката која се случила на автопатот Загреб-Ријека велат дека има многу повредени.
Динамо денеска од 17:00 часот гостува во Пула во рамките од Купот, додека Хајдук игра против Виноград во местото Младина. Навивачите ги искористиле гостувањата на своите тимови, се сретнале на половина пат и започнале масовна тепачка.
Според информациите на хрватските медиуми во тепачката учествувале 100-тина навивачи на Хајдук речиси двојно помалку навивачи на Динамо Загреб.
Речиси идентична масовна тепачка помеѓу навивачите на овие два тима се случи и минатата година
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа