Никарагва купува руски авиони за борба против наркокартелите

 

Никарагва планира да купи повеќе воени авиони, вклучително и руски авиони МиГ-29, кои ќе ги користи за борба против трговијата со дрога во приморските области, изјави денеска портпаролот на Армијата на Никарагва, генерал Адолфо Сепеда.

Тој посочи дека авионите-ловци ќе се користат „само во одбранбени цели, а не за воздушни напади, бидејќи Никарагва не сака да претставува воена закана за земјите во регионот“.

Меѓународниот суд за правда во Хаг во 2012 година пресуди дека архипелагот Сан Андрес во Карипско Море и припаѓа на Колумбија, но поголемиот делл од морската површина околу островите е прогласена за економска зона на Никарагва. Владата во Манагва сега планира да преземе дополнителни мерки против наркокартелите во тоа подрачје.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега