Хурем напиша емотивна порака на Facebook
На првиот роденден на својата ќерка Лара, актерката која се прослави со улогата на Хурем во популарната серија „Величествениот“, Мерјем Узерли споделила фотографија под која објавила и емотивен текст.
-Моја Лара, мојата најголема љубов, смислата на мојот живот, моето срце, мојата душа, моето се…Пред точно една година дојде во мојот живот и доживеавме многу заедно. Плачевме, се смеевме, секој момент со тебе беше исполнет со безусловна љубов. Му благодарам на Бога за тоа што си овде и што ме избра мене да бидам твоја мајка. Среќен роденден и Бог нека те чува секогаш, напишала популарната актерка.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа