ФОТО: Војската распродава тенкови, топови, пушки…
Mинистерството за одбрана на Србија планира да продаде над 480 тенкови и хаубици, 220 оклопни возила, над 20 илјади пушки и пиштоли. Министерството ќе продаде и голема количина на муниција и друга опрема.
Како што се наведува на сајтот на МО, се планира продажба на 282 тенкови Т-55 и окоу 220 оклопну транспортери M-60, M-80, BTR-50 и BTR-60 и противоклопни орудија POLO, како и 200 хаубици од 105 и 155 милиметри.
Ќе се понудат и околу 16.700 пиштоли со калибар од 7,65 милимиетри, околѕ 3.500 автоматски пушки М-70, 120.000 тромблонски мини и околу 1.500 ракети.
Се продаваат и над 1.100 противавионски топови од 20 и 30 милиметри, 5400 рачни фрлачи на ракте, минофрчали и безтрзајни топови, како и 26 повеќецевни лансери на ракети М-63.
На продажба се и три радари SNAR-10 и 140.000 парчиња разна муниција.
Право на учество имаат правните лица кои имаат законско право да се јават на ваков тендер, стои во соопштението на министерството.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа