„Чував стража додека Тајсон пред ВЦ имаше секс со Наоми Кембпел“

 

Една вечер внимавав на него и се зачудив кога го здогледав со манекенката Наоми Кемпбел. Во еден момент ми рече дека мора да оди во ВЦ, а потоа и таа влезе зад него.

Ова го изјави Рори холовеј, менаџерот на поранешниот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон.

-Јас морав да стражарам и на сите да им кажувам дека тоалетот е зафатен, откри Холовеј, кој тврди дека боксерот пропаднал заради слабоста кон жените.

Тој тврди дека долго молчел од почит кон Тајсон, но неодамна одлучил да напише книга во која откри низа на непознати детали од живото на поранешниот светски шампион во тешка категорија.

-Знаев дека никој не може да го запре во рингот. Тој единствено можеше да падне само заради своите слабости кон жените. Неговите одлуки никој не можеше да ги менува, а сите имаа врска со сексот и жените, откри Холовеј и додаде дека Тајсон морале да го чуваат 24 часа.

Менаџерот тврди дека Тајсон имал многу жени кои уживале во неговите пари и репутација на лошо момче. Добро познато е дека Тајсон извесно време мина во затвор заради силување на Дезире Вашингтон.

-Дојдов да го посетам, а чуварите ми рекоа дека тоа не е можно, бидејќи девојките чекаат во ред за посета. Во затворот имаше повеќе жени, отколку кога беше надвор, откри Холовеј и додаде дека се чуди зашто повеќе жени не го обвиниле за силување.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега