Поплавите во Индија однесоа 23 животи

 

Вкупно 23 лица загинаа, а 50 се водат како исчезнати за време на тридневните поројни дождови кои предизвикаа поплави во северниот дел на Индија, соопштија локалните власти. 

Официјалниот претставник во државата Утараканд, Амит Неги изјави денеска само во еден дистрикт загинале повеќе од 10 лица.

Во областа Алмора три лица загинале кога еден автобус бил затрупан при лизгање на земјиште, предизвикано од монсунските дождови, а уште тројца настрадале кога трикатна зграда се урнала во река и била однесена од надојдената вода.

најчитано сега