ФОТО: Познатата холивудска актерка непрепознатлива
Познатата американска актерка Ума Турман ја изненади публиката со својот изглед при појавувањето на црвениот тепих во Њујорк.
Имено, 44-годишната актерка изгледаше речиси непрепознатливо, за што дел од таблоидите вината ја префрлија на недоволната шминка околу очите, но со тоа не се согласија други магазини, кои сметаат дека „естетскиот хирург овој пат претерал со затегнувањето“.
Ума неодамна изјави дека во оваа фаза на животот кога децата и се пораснати, сака да и се врати на актерската работа.
- Работата ме релаксира. Кога децата беа помали, не можев да работам како порано. Сега ми е убаво, ова е моето време, изјави неодамна Турман за британското списание „Стајлист“.

Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа